КОЛОКАЦИИТЕ КАКО НЕИДИОМАТСКИ ФРАЗЕОЛОГИЗМИ ПРОСЛЕДЕНИ ПРЕКУ ПРИМЕРИ ОД ГЕРМАНСКИОТ ЈАЗИК

  • Драгана Кузмановска
  • Викторија Мрмеска

Abstract

Колокациите како специфична категорија фрази кои изускуваат познавање од повеќе аспекти на еден јазик, особено кога станува збор за странски јазик, како на пример познавања на соодветни еквивалентни лексеми од јазикот извор во јазик цел и особено големо познавање од културата. Значи колокациите се специфични јазични форми кои се неопходни за една секојдневна комуникација што е всушност главната причина за нашиот интерес во овој труд. Преку овој труд ќе се обидеме да ги дефинираме овие специфични јазични форми, да ги разграничиме од другите специфични јазични форми наречени слободни фрази, да ги воочиме основните проблеми кои се јавуваат кај изучувачите на германскиот јазик како странски јазик, преку ексцерпирани колокации од германскиот јазик и нивни соодветни еквиваленти во мајчиниот македонски јазик. Задачата која сме си ја поставиле со пишувањето на овој труд воопшто не е лесна и едноставна, туку напротив изискува многу труд и внимание, кое ние несебично ќе го посветиме сѐ со цел добивање на поопсежно, продлабочено анализирање на овој проблем. Овој труд ќе го посветиме токму на колокациите како едни од најзастапените јазични форми во секојдневното општење без разлика дали се присутни во писмената или во усната комуникација, а кои се од големо значење за македонските изучувачи на германскиот јазик како еден од најзастапени светски јазици во сите сфери на постоење.

Published
Jan 29, 2019
How to Cite
КУЗМАНОВСКА, Драгана; МРМЕСКА, Викторија. КОЛОКАЦИИТЕ КАКО НЕИДИОМАТСКИ ФРАЗЕОЛОГИЗМИ ПРОСЛЕДЕНИ ПРЕКУ ПРИМЕРИ ОД ГЕРМАНСКИОТ ЈАЗИК. ФИЛКО / FILKO, [S.l.], p. 309-315, jan. 2019. Available at: <http://js.ugd.edu.mk/index.php/fe/article/view/2678>. Date accessed: 25 june 2019.