ИДНО ВРЕМЕ ВО ТУРСКИОТ И ВО МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК

  • Марија Леонтиќ

Abstract

За изразување идно време (gelecek zaman) во турскиот јазик се употребува наставката „-AcAk“. Турските глаголи во идно време содржат глаголски корен, суфикс за идно време „-AcAk“ и суфикс за лице: ben çalışacağım; sen çalışacaksın; o çalışacak; biz çalışacağız; siz çalışacaksınız; onlar çalışacaklar. Идното време во македонскиот јазик се образува со  партикулата ќе и формата на глаголот во сегашно време: јас ќе работам; ти ќе работиш; тој, таа, тоа ќе работи; ние ќе работиме; вие ќе работите; тие ќе работат. Овој труд ќе ги
анализира морфолошките и семантичките карактеристики на идното време во турскиот и во македонскиот јазик и ќе ги утврди нивните сличности и разлики.

Published
Jan 29, 2019
How to Cite
ЛЕОНТИЌ, Марија. ИДНО ВРЕМЕ ВО ТУРСКИОТ И ВО МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК. ФИЛКО / FILKO, [S.l.], p. 349-360, jan. 2019. Available at: <http://js.ugd.edu.mk/index.php/fe/article/view/2683>. Date accessed: 22 apr. 2019.