ВОСПОСТАВУВАЊЕ НА ПРЕВОДНА ЕКВИВАЛЕНТНОСТ МЕЃУ СПЕЦИФИЧНИТЕ ГРАМАТИЧКИ ФЕНОМЕНИ ВО ГЕРМАНСКИОТ И ВО МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК

  • Даринка Маролова

Abstract

Предмет на истражување на оваа научна работа е трансферот на некои специфични граматички феномени од германски на македонски јазик и обратно. Aнализата се врши на примери од одбрани извадоци од германски и македонски книжевни текстови, компаративно со нивните преводи на македонски, односно на германски јазик. Притоа од транслатолошки аспект се разгледува присуството на специфики во граматиката, и тоа во поглед на употребата на субјектот во реченицата, развиениот атрибут, глаголскиот вид и колокациите. Цел на истражувањето е да се прикажат начините, како преведувачите воспоставуваат преводна еквивалентност при преведувањето на специфичните граматички елементи.

Published
Jan 29, 2019
How to Cite
МАРОЛОВА, Даринка. ВОСПОСТАВУВАЊЕ НА ПРЕВОДНА ЕКВИВАЛЕНТНОСТ МЕЃУ СПЕЦИФИЧНИТЕ ГРАМАТИЧКИ ФЕНОМЕНИ ВО ГЕРМАНСКИОТ И ВО МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК. ФИЛКО / FILKO, [S.l.], p. 385-394, jan. 2019. Available at: <http://js.ugd.edu.mk/index.php/fe/article/view/2687>. Date accessed: 22 apr. 2019.