ИЗРАЗУВАЊЕ НАДВОРЕШНА ПРИСВОЈНОСТ: МАКЕДОНСКИОТ НАСПРЕМА АНГЛИСКИОТ ЈАЗИК

  • Лилјана Митковска

Abstract

Присвојноста претставува асиметрична релација меѓу два ентитета: поседувач (ПС) и поседувана единка (ПЕ). Овде ќе се задржиме на потесно сфатената, прототипна присвојност, која обично се ограничува на сопственост, делови на телото и роднински врски. Се фокусираме на изразување ‘надворешна присвојност’, кога двете единки во присвојната релација (ПС и ПЕ) се изразени во различни конституенти на една основна реченица. Целта е да се споредат типовите вакви конструкции во македонскиот јазик со нивните преводни еквиваленти во англискиот. Во македонскиот јазик често се користат неколку типови надворешно-присвојни конструкции, што не е случај во англискиот
јазик, па поради тоа како преводни еквиваленти за овие конструкции најчесто се јавуваат именски присвојни конструкции. Тоа значи дека во преводите од англиски на македонски јазик треба да се изнаоѓаат македонски конструкции соодветни за дадениот контекст, а не буквално да се преведуваат англиските именски присвојни конструкции со именски корелати.

Published
Jan 29, 2019
How to Cite
МИТКОВСКА, Лилјана. ИЗРАЗУВАЊЕ НАДВОРЕШНА ПРИСВОЈНОСТ: МАКЕДОНСКИОТ НАСПРЕМА АНГЛИСКИОТ ЈАЗИК. ФИЛКО / FILKO, [S.l.], p. 419-427, jan. 2019. Available at: <http://js.ugd.edu.mk/index.php/fe/article/view/2691>. Date accessed: 25 june 2019.