ЖИВОТИНСКИОТ КОД ВО СВАДБЕНАТА ОБРЕДНОСТ: КУЛТУРНИ ПАРАЛЕЛИ МЕЃУ МАКЕДОНИЈА И РУСИЈА

  • Весна Петреска

Abstract

На основа на структурално-семантичка и симболичка анализа и компаративниот приод, ќе се настојува да се разгледа животинскиот код во свадбениот обреден комплекс. Животинскиот код може да се согледа во предсвадбената обредност, кога многу често, стројникот не ја кажувал вистинската причина зошто е дојден, а како причина наведувал купување на некое животно, во текот на свадбата, како на свадбената трпеза, така и при свадбената патека. Особен нагласок ќе биде ставен на кокошката и петелот, кои се  доста распространети како во свадбената обредност во Македонија, така и во Русија. Семантиката на „раѓање, плодност, полност“ кај петелот и кокошката се многу присутни и посебно изразени во свадбените обреди. Нивната симболика главно се сврзува со плодоносната, и со брачната симболика, при тоа петелот се сврзува со машката сексуална симболика, а кокошката со симболиката на плодноста. Оваа состојба се согледува во именувањето на мотивите во свадбената носија, во свадбената обредност, во некои магиски постапки за претскажување на идниот сопруг, во многу магиски постапки кога е во прашање здравјето, итн.

Published
Jan 30, 2019
How to Cite
ПЕТРЕСКА, Весна. ЖИВОТИНСКИОТ КОД ВО СВАДБЕНАТА ОБРЕДНОСТ: КУЛТУРНИ ПАРАЛЕЛИ МЕЃУ МАКЕДОНИЈА И РУСИЈА. ФИЛКО / FILKO, [S.l.], p. 507-513, jan. 2019. Available at: <http://js.ugd.edu.mk/index.php/fe/article/view/2701>. Date accessed: 18 feb. 2019.