ПРЕГЛЕД НА МАКЕДОНСКИОТ И АНГЛИСКИОТ ГЛАСОВЕН СИСТЕМ: ВЛИЈАНИЕТО НА МАЈЧНИОТ ЈАЗИК ВО СОВЛАДУВАЊЕТО НА ПРАВИЛЕН ИЗГОВОР НА АНГЛИСКИ ЈАЗИК

  • Весна Продановска-Попоска

Abstract

Усвојувањето на странски јазик е сложен процес бидејќи јазикот природно се појавува како систем на структури со поставени правила и компоненти во неговата содржина како што се фонологијата, морфологијата, синтаксата, семантиката и прагматиката. Со цел да се стекне оваа комплексност и да се резултира со успех, изучувачите на јазикот треба да ги применат овие правила и да ги разберат структурите на овој комплексен систем. Изговорот има важно место во процесот на учење на странски јазици, бидејќи е прва работа со која се соочуваат учениците кога ќе се запознаат со јазикот-цел. Разбирливиот изговор е од суштинско значење за двете страни, и за говорникот и за слушателот
при што се избегнуваат недоразбирањата и меѓусебната комуникација се одвива лесно. Овој труд дава преглед на двата гласовни системи - македонскиот и англискиот, влијанието на мајчиниот јазик врз јазикот-цел, особено во однос на изговорот и заедничките грешки во користењето на согласките и самогласките кои се појавуваат кај
студентите во Македонија- изучувачи на англиски како странски јазик.

Published
Jan 30, 2019
How to Cite
ПРОДАНОВСКА-ПОПОСКА, Весна. ПРЕГЛЕД НА МАКЕДОНСКИОТ И АНГЛИСКИОТ ГЛАСОВЕН СИСТЕМ: ВЛИЈАНИЕТО НА МАЈЧНИОТ ЈАЗИК ВО СОВЛАДУВАЊЕТО НА ПРАВИЛЕН ИЗГОВОР НА АНГЛИСКИ ЈАЗИК. ФИЛКО / FILKO, [S.l.], p. 529-539, jan. 2019. Available at: <http://js.ugd.edu.mk/index.php/fe/article/view/2704>. Date accessed: 21 aug. 2019.