ДИОНИЗИСКОТО ВО ДРАМАТА „СЛОВЕНСКИ ОРФЕЈ“

  • Горан Тренчовски

Abstract

Уште од 534 година пр. н.е., кога Теспис настапува на големите Дионизии, фактички започнува првото фестивалско претставување на драмата и театарот воопшто, кој е роден од лозата на култот за Дионис. Игрите под маски и дитирамбите се исто така својствени за дионизискиот култ. Маската како заштитен знак во театарската уметност и  маскираните поворки на Балканот водат директно потекло од култните свечености што се одржувале во слава на Дионис. „Бесовскиот Дионис“ од нашиве простори е всушост словенизираниот облик на Дионис, чиешто име етимолошки потекнува од старословенскиот збор „бес“. Едно од главните обележја на македонската народна драма која
изникнала токму од остатоците од игрите посветени на Дионис е „преобразбата или овоплотувањето на човекот во некој постоечки објективен лик кој е реален со помош на маски или со помош на движење, мимика и збор.“ Митот за Дионис нераскинливо кореспондира и со Елевсинските мистерии (во чест на Деметра и Персефона). Подоцна, од оваа релација се развива и посебен правец во антрополошкото толкување на оваа група појави, култови и божества – „орфизам“. Во современата драмска уметност постојат голем број толкувања и интерпретации на оваа митолошка струја. Едно од нив е театарскиот чин „Словенски Орфеј“ (обреден случај) според текстот на Зоран Стефановиќ, праизведена на 4 јули 1992 г., на Дојранското крајбрежје, една од хит-претставите на современиот македонски постмодерен театар.

Published
Jan 30, 2019
How to Cite
ТРЕНЧОВСКИ, Горан. ДИОНИЗИСКОТО ВО ДРАМАТА „СЛОВЕНСКИ ОРФЕЈ“. ФИЛКО / FILKO, [S.l.], p. 681-690, jan. 2019. Available at: <http://js.ugd.edu.mk/index.php/fe/article/view/2721>. Date accessed: 16 oct. 2019.