Наставни објекти

Authors

  • Fehim Huskovik

Abstract

Наставните објекти со опремата претставуваат материјална основа која е од примарно значење за работата на учениците и наставниците. Без разновиден и добро организиран систем на наставни објекти нема успешно учење, а во наставата не е можна примена на разновидни облици на работа. Под наставни објекти во потесна смисла подразбираме училиштен објект и училиштен двор со земјиште. Во поширока смисла ги подразбираме сите објекти надвор од училиштето во природата, општествената средина и секаде каде што може да се организира настава. Систем на наставни објекти во потесна смисла подразбираме сала за физичко образование, објект за општествени и природни науки, објект за техничко образование, објект за компјутерска настава, објект за ликовно образование, како и објект за музичко образование. Наставните објекти надвор од училиштето можат да се поделат на објекти кои се наоѓаат во општествената средина (музеј, галерија, театар, ателје) и оние кои се наоѓаат во природата (река, шуми, полиња, езерa итн.).

Downloads

Published

2013-04-17