Mакедонија е судбина на светот - светот е судбина на Mакедонија

  • Blaze Kitanov University "Goce Delcev"

Abstract

Препознатлива како светлосен трагизам или како црн оган, или црносонце што започна да светка од очните дна на Самоиловите војници,за потоа да се запали со поетските факли на Климент Охридски и Григор Прличев, на Рајко Жинзифов и Константин Миладинов и конечно, силно да се разгори и распламти во Народноослободителната борба и Белите мугри на Рацина, својот светло-темен пат ќе го продолжи и во една од најгрозоморните битки што се одигра меѓу крвта и стихот на еден од најмаркантните поети на овој народ-Ацо Шопов.

Published
2014-11-21