Рефлексивноста на одделни теориски учења врз моделирање на ефективна воспитно-образовна комуникација

  • Snezana Mihajlo Mirascieva Faculty of Educational sciences

Abstract

Апстракт

Поставувањето на цврсти основи на ефективната воспитно-образовна комуникација не е можно без определување на солидна теориска рамка. Бројни се теориските учења кои можат да бидат земени како теориска рамка на воспитно-образовната комуникација. Овде се определивме за учењето на Виготски и неговата културно-историска теорија во која ги препознаваме одделните постулати кои се во функција на моделирањето на ефективна воспитно-образовна комуникација.

Клучни зборови: културно-историска теорија, ефективност, воспитно-образовна комуникација.

Published
2014-11-21