Три методи за учење на новите генерации

  • Snezana Kirova University "Goce Delcev"Stip R. Macedonia
  • Dragana Kuzmanovska University "Goce Delcev"Stip R. Macedonia
  • Biljana Petkovska University "Goce Delcev"Stip R. Macedonia

Abstract

Денешново време е време на брзи и се поголеми промени во секој домен на животот, па така и образованието не е исклучок.

Кога станува збор за промени многумина од нас не се секогаш чувствуваат подготвени за промени. Речиси сите од нас најудобно се чувствуваме со секојдневните навики и постапки. Понекогаш промените ги доживуваме како закана, иако тие, исто така, можат да бидат возбудливи и да отворат нови можности за нас, наставниците. Во трудов ќе се зборува за и ќе се потенцираат поволностите од воведување на промени во образовниот процес. Кога зборуваме за промени мислиме на усогласување на истите со потребите на новите генерации ученици кои не се вклопуваат во традиционалниот образовен процес и за кои е неминовно воведување на новини. Иако денес образованието подлежи на многубројни промени кои се однесуваат на наставниот план и програма, на наставата и учењето, на училницата, на оценувањето и на технологијата, ние сакаме да зборуваме за нивното приспособување кон новите генерации на ученици.

Published
Nov 21, 2014
How to Cite
KIROVA, Snezana; KUZMANOVSKA, Dragana; PETKOVSKA, Biljana. Три методи за учење на новите генерации. Воспитание / Vospitanie - Journal of Educational Sciences, Theory and Practice, [S.l.], v. 9, n. 13, p. pp. 87-94, nov. 2014. ISSN 1857-8705. Available at: <http://js.ugd.edu.mk/index.php/vospitanie/article/view/838>. Date accessed: 24 sep. 2017.