НАСТАВАТА КАКО БИПОЛАРЕН / ИНТЕРАКЦИСКИ ПРОЦЕС

  • Snezana Mirascieva

Abstract

Трудот го третира прашањето за биполарноста на наставниот процес кој е изразен во активностите на наставникот и ученикот, или со други зборови, поучувањето и учењето како две противречни страни на единствен процес на настава. Со сета своја комплексност, наставата како процес на интеракција отвора нови правци во нејзиното димензионирање. Во таа смисла се и определбите на нејзините составни елементи изразени во личноста на наставникот и ученикот. Како општествени дејности,  поучувањето и учењето, подеднакво и во содржинска смисла и во контекст на процесот, не излегуваат од рамките на целосниот систем на настава, без разлика на иновативниот мултидисциплинарен пристап во определувањето на поимот настава.

Клучни зборови: поучување, учење, наставник, ученик, интеракција, воспитно­образовен процес.

Downloads

Download data is not yet available.
Published
2019-05-28