АНИМАЛИСТИЧКИОТ РОМАН „ДИВИОТ ПЕС“ ОД ВИДОЕ ПОДГОРЕЦ
Abstract
Во овој труд се осврнуваме кон творештвото на Видое Подгорец, конкретно кон неговиот анималистички роман, „Дивиот пес“, добро познат на нашата помлада читателска публика. Најпрвин, на кратко ќе се истакнат карактеристиките на книжевноста за деца, а една од тие најважни карактеристики е љубовта и приврзаноста на децата кон животните. Ваквата приврзаност се должи на фактот што децата ги чувствуваат животните како составен дел од својот живот, тие разговараат со нив, и го разбираат нивниот говор. Во овој роман авторот се обидел и успеал да им го приближи анималниот свет на децата, не само по неговите убавини, туку и според суровите правила на природата.
Клучни зборови: животни, книжевност за деца, Видое Подгорец, анимализам.
Downloads
Download data is not yet available.