ПРИМЕНА НА WEB-АНИМАЦИЈА ВО НАСТАВАТА ПО БИОЛОГИЈА И ПОТТИКНУВАЊЕ НА МИСЛОВНИТЕ СПОСОБНОСТИ КАЈ УЧЕНИЦИТЕ ВО ПРОЦЕСОТ НА УСВОЈУВАЊЕ НА БИОЛОШКИТЕ ПОИМИ
Keywords:
модерно образование, настава по биологија, веб-анимација, мисловен процес, високо ниво на размислувањеAbstract
Модерното општество носи неоспорни промени во секој аспект од човековото живеење, а еден од најважните аспекти е образованието. Добро подготвени ученици се основа за здраво, напредно општество. Модернизацијата на образованието во Република Македонија во форма на компјутер за секое дете овозможува примена на нови, иновативни методи во целокупната настава. Истото важи и за наставата по биологија, каде употребата на веб-анимација може значително да ја олесни наставата и да овозможи полесно предавање на комплексните наставни содржини. Со соодветна примена на веб- анимацијата може да се постигнат значителни резултати во поглед на поттикнување на мисловните процеси кај учениците, развивање на креативноста и поттикнувањето на љубовта кон природните науки, имено кон биологијата. Веб-анимацијата е моќна алатка, која, ако се примени правилно, може да донесе многу бенефити за учениците и да помогне при визуелизацијата на комплексните биолошки процеси. Постојат голем број на квалитетни, детални анимации кои носат голем потенцијал за подобрување на наставата по биологија.