РАБОТА СО НАДАРЕНИ ДЕЦА ВО ИНКЛУЗИВНА УЧИЛНИЦА – СОСТОЈБИ И ПРЕДИЗВИЦИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
Keywords:
одделенски наставници, инклузија, надарени ученици, МакедонијаAbstract
Инклузивното образование е клучен сегмент на современите образовни системи, чија цел е да обезбеди еднакви можности за сите ученици, без разлика на нивните способности или попречености. Во Република Северна Македонија, како и во многу други земји, динамиката кон инклузивно образование доби на интензитет во последните години. Меѓу учениците отсекогаш имало такви кои се борат со училишните обврски, оние што ги извршуваат обврските со леснотија и оние кои тврдоглаво им се спротивставуваат. Пред да се започне со работа со надарени ученици, треба истите да бидат препознаени. Раното идентификување на надарените ученици е од суштинско значење за да се обезбеди соодветна поддршка и можности за збогатување. ТрудотРабота на надарени деца во инклузвина училница – состојби и предизвици во Р. С. Македонија е дел од пообемно истражување (дипломски труд). Во трудот најпрвин е дефиниран поимот надареност, а потоа даваме осврт кон работата со надарени деца во инклузивната училница. Со цел да видиме со какви предизвици се соочуваат македонските наставници во поглед на работата со надарените ученици во основните училишта, ние спроведовме истражување. Истражувањето беше спроведено во септември 2023 година. Во истражувањето учествуваа 51 одделенски наставник од пет училишта во Македонија. Наставниците имаат потреба од обука за работа со надарените ученици.