НЕКОИ СТРАТЕГИИ ЗА РАЗВОЈ НА ПОЧЕТНИ МАТЕМАТИЧКИ ПОИМИ
Keywords:
дете, воспитувач, учење, поучување, математика, постапкаAbstract
Холистичкиот развој на младите личности во голема мера се заснова на учењето, мотивацијата,
емоциите. Важен, составен дел од тој развој е математиката како аспект на когнитивниот развој. Нејзиното
значење и улога произлегува од нејзината сеприсутност во животот на секоја индивидуа. Математичката
компетентност е една од клучните компетенции кои треба да ги има секоја личност. Периодот на раното детство е
периодот во кој се започнува со стекнување на оваа компетентност. Семејството е првата алка каде на спонтан
начин се развиваат математичките поими, за да покасно се трансферира во предучилишните установи, училиштата,
каде, организирано, плански, постапно, систематски се одвива процесот на осознавање, развивање, формирање на
математичките поими. Процесот на развој, формирање на математичките поими трае до крајот на животот. Имајќи
ги во предвид современите трендови во воспитно образовната работа, во кои се потенцира активната улога на
детето, ученикот, клучно е прашањето како да се обезбеди успешно учење т.е. квалитетно поучување во сите
области, па и во математиката. Во трудот се елаборира проблемот поврзан со развојот на почетни математички
поими, начинот на кој децата од предучилишна возраст учат, како и презентирани се предлог стратегии насочени
кон подобрување на процесот на поучување, учење на почетните математички поими.