ТРАДИЦИОНАЛНАТА КОНСТРУКЦИЈА НА МАКЕДОНСКАТА КУЌА ОД 19-ОТ ВЕК

  • Petar Namichev
  • Екатерина Намичева

Abstract

Традиционалната куќа содржела конструктивен систем кој употребувал локални материјали камен, земја и дрво, како и нивна дообработка. Живеалиштата со приземје и кат најчесто се изградени со масивен камен ѕид во приземјето и бондручен систем на катот, како најчесто практикувана комбинација на двата конструктивни системи. Примената на каменот при градење на куќата започнувала од темелите, преку носечките ѕидови на масивниот систем на градење, па се до покривањето со камени плочи. Земјата се применувала во различна форма на нејзина дообработка, за подовите, како врзно средство за ѕидовите од камен, за облагање на преградните ѕидови од плет и др. Дрвото покрај конструктивниот бондручен систем се применувало за изработка на вратите, прозорците, покуќнинските предмети и други декоративни елементи на куќата. Најзначајни елементи при традиционалното градење се еколошкиот пристап при изборот и користењето на основните материјали од околината, нивната колоритна ускладеност со природната околина и конструкцијата на градбата била прилагодена на потребите и можностите на локацијата, семејството и урбаниот простор кој бил предвиден.

Downloads

Download data is not yet available.
Published
2021-06-07
How to Cite
Namichev, P., & Намичева, Е. (2021). ТРАДИЦИОНАЛНАТА КОНСТРУКЦИЈА НА МАКЕДОНСКАТА КУЌА ОД 19-ОТ ВЕК. Natural Resources and Technology, 15(1), 107-113. https://doi.org/10.46763/NRT211510107n