Хидрогеолошки истражувања на минерална вода и гас co2 во село рибарци, Општина Новаци, Република Македонија

  • Vojo Mircovski
  • Tena Sijakova Ivanova
  • Gorgi Dimov

Abstract

Краток извадокЗа истражување и експлоатација на минерална вода и гас СО2 вооколината на селото Рибарци се изведени две истражно-експлоатационидупнатини во рамките на неогените седименти.Водоносните хоризонти во рамките на комплексниот тип наводоносници се јавуваат на повеќе нивоа. Истите се одликуваат сопроменлива дебелина на водоносните хоризонти т.е. поединечнадебелината на водоносните слоеви најчесто се движи во граница од 2,0 до10,0 m, додека вкупната дебелина на сите водоносни слоеви во рамките нацелиот неоген комплекс се движи во границите од 10 до 20%, од вкупниотдепозит на неогените седименти.Првата дупнатина (Б-1) е изведена до длабочина од 300 m икапацитетот на истата изнесува 50 l/s, додека втората дупнатина (Б-2) еизведена до длабочина од 52 m и има капацитет од 3,8 l/s.Карактеристично за овој тип на водоносник е тоа што водата еминерална и со себе носи одредени количини на гас CO2. Механизмот насамоизлевањето на вода од изведените дупнатини и бунари е условен одгасовите.Според хидрохемискиот тип водата е хидрокарбонатна - хлоридна,натриум-магнезиумска вода. Температурата на водата е 18°С. Вкупнатаминералиација е 876 mg/l, а електроспроводливоста е 12.840 mScm-1.Минералната вода од овој бунар е со висок степен на карбонатна тврдинаод 381.56 dHo, односно висока вкупна тврдина од 262.26 dHo.

Downloads

Download data is not yet available.

References

Думурџанов Н., Христов С., 1965: Толкувач на основната геолошка карта на Р. М. 1: 100 000 на листовите Витолиште и Кајмакчалан.

Ѓузелковски Д., 1997: Подземни води (издан) за решавање на водоснабдувањето во Р. Македонија и нивна заштита. Институт

Геохидропроект. Скопје.

Котевски Ѓ. 1987: Хидрогеологија на минералните, термалните и термоминерални води на територијата на Р. Македонија. Самоуправна практика, Скопје.

Карајовановиќ М., Ивановски Т., 1972: Толкувач на основната геолошка карта на Р.М. 1: 100 000 на листовите Битола и Лерин.

Мирчовски В 2013. Елабоат за одредување на заштитни зони околу бунарите Б-1 и Б-2 за експлоатација на минерална вода и гас CO2 на локалитетот село Рибарци – Битола.

Kissin G. & Pakhomov J., 1967: The possibility of carbon dioxide generation at depth at moderately high temperatures, Akad. Nauk SSS, Doklady.

Published
2014-12-31
How to Cite
Mircovski, V., Sijakova Ivanova, T., & Dimov, G. (2014). Хидрогеолошки истражувања на минерална вода и гас co2 во село рибарци, Општина Новаци, Република Македонија. Natural Resources and Technology, 8(8). Retrieved from https://js.ugd.edu.mk/index.php/NRT/article/view/936

Most read articles by the same author(s)

<< < 1 2