Варијабилноста на својствата кај некои автохтони популации пиперки во струмичко (Capsicum annuum L.)
Mikica Timova
Abstract
Утврдена е релативно голема варијабилност на својствара на плодовите меѓу оделните популации.Најголеми се варирањата на масата на плодот чиј коефициент кај одделните популации се движи од 18.71-34.24. По однос на родноста постојат големи и сигнификантни разлики. Приносот се движи од 13.5-25.0 т/ха во технолошка зрелост. Утврден е вегетативниот период кој изнесува 143-150 дена На база добиените резултати за оделните особини е извршено карактеризација. Испитуваните популации се одликуваат со различни специвични карактеристики, пред се морфолошки. Некои од нив се одликуваат со интересни својства што даваа можност за постојани анализи со цел издвијување на единки со интересни вредности што ќе се употребат во селеквиониотпроцес на пиперката.