Практична примена на едно – димензионалната бранова равенка
Abstract
Во овој труд ги разгледуваме парцијалните диференцијални равенки, а посебен акцент ставаме на хиперболичните равенки и на брановата равенка како посебен вид на овие равенки. Исто така користиме компјутерска симулација со која го прикажуваме проблемот на пропагирање на бран на конкретен нумерички модел. Користиме формулација на равенката на бранот изразена преку брзината, деформацијата и напонот. Со интегрирање на брзината во однос на времето, добиваме преместувања на просторните точки. Главната цел на ова истражување е да ги проучиме феномените кои се случуваат кога имаме Dirichlet гранични услови кога имаме пропагирање на бранот во форма на полу-синусен пулс.