НЕЦАРИНСКИОТ ПРОТЕКЦИОНИЗАМ ВО РЕГИОНОТ НА ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА
Abstract
Нецаринските бариери денес се најважниот регулативен инструмент на трговската политика на многу земји. Листата на нецарински бариери е исклучително долга, а нивниот број со тек на време не се намалува, туку напротив, се зголемува. За илустрација, во меѓународната трговија се регистрирани повеќе од 2.000 различни видови нецарински бариери. Нецаринските бариери имаат дискриминаторски карактер во надворешната трговија, бидејќи тешко се идентификуваат, менуваат и контролираат. Тие опфаќаат широк спектар на адиминистративни и нецарински мерки, кои ги спречуваат нормалните надворешно-трговски текови и овозможуваат дополнителна заштита на домашното стопанство. Во услови на неодамнешната глобална финансика криза беше многу веројатно да се очекува раст на многу нарушувања во меѓународната економија, особено во меѓународните трговски текови, како резултат на зголемената примена на нецаринските бариери. Тоа беше основната причина за неопходноста од забрзување на регулирањето на сѐ уште нерегулираните области во меѓународната трговија на мултилатерално ниво. Покрај иницијативата на СТО можат да се забележат значајни чекори во регулирањето на нецаринските бариери од страна на другите мултилатерални организации.