КРЕДИТНА ПОЛИТИКА И СТРАТЕГИЈА НА ПОРТФОЛИОТО НА КРЕДИТНИ ПЛАСМАНИ НА БАНКИТЕ
Abstract
Во работењето на секоја банка големо внимание треба да се посвети на формалните политики донесени од Одборот на директори и нивното правилно имплементирање и администрирање од страна на раководството. Овој нагласок е можеби најкритичен во однос на кредитната функција на банката, која поддржува дека банката мора да усвои здрав систем за управување со кредитниот ризик. Кредитните политики треба да содржат објаснување на предметот и алокацијата на банкарските кредитни средства и начинот на кој се управува со кредитното портфолио, т.е. како кредитите се одобруваат, сервисираат, како се врши нивниот мониторинг и отплата. Добрата кредитна политика не е секогаш целосно рестриктивна, туку дозволува презентација на кредити на кредитниот одбор на банката, за кои кредитните референти веруваат дека се квалитетни, но кои не спаѓаат во параметрите на пишаните насоки за работа. Притоа мора да постои голема флексибилност, која ќе овозможи брза реакција и навремено приспособување на променетите услови во портфолио средствата кои носат заработка на банката. Отсуство на пишани кредитни политики, насоки за работа и процедури, се главни слабости во правилното извршување на управувачките одговорности.