ЛИЧНОСТА НА ПРЕТПРИЕМАЧОТ
Abstract
Индивидуалниот претприемач игра централна улога во формирањето на бизнис потфатот. Најпрвин, битно е да се разбере врската помеѓу индивидуите и поволните можности. Претприемачите можат да бидат разбрани само во релација со нивниот проект и дека индивидуалните разлики се важни за пронаоѓање и искористување на поволните можности. Како второ, улогите и карактеристиките на претприемачите се испитувани од економска и психолошка перспектива. Како трето, ги поистоветува социјалните содржини кои влијаат врз ситуацијата во која претприемничките можности се појавуваат и се следени. Три карактеристики на личната социјална содржина ќе бидат разгледани: фазата на живот, улогата и важноста на социјалните мрежи и етничката група. Постојат четири вида ризик кои треба да бидат земени предвид пред започнување на кариера во претприемништвото: финансиски ризици, ризици на кариера, социјални ризици и здравствени ризици. Сите потенцијални претприемачи мора да се запрашат себеси дали се подготвени да живеат со овие ризици и тие би требало да подготват стратегии за да ги минимизираат истите