ОБУКАТА НА ВРАБОТЕНИТЕ КАКО ФАКТОР НА КРЕИРАЊЕ СТРАТЕГИЈА НА МЕНАЏМЕНТОТ НА ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ ЗА ПОУСПЕШНО ОСТВАРУВАЊЕ НА ОРГАНИЗАЦИОНИТЕ ЦЕЛИ

  • Stefanija Zejrinova
  • Trajko Miceski

Abstract

Управувањето со човечките ресурси е задача на секој менаџер на компанијата, без разлика на тоа дали е тој менаџер во Секторот за човечки ресурси или во некој друг сектор, или пак е топ менаџер. Оттаму и развивањето на вештините на вработените, мотивирајќи ги за висок работен ефект при извршување на обврските кон организацијата, е основа за остварување на целите на организацијата. Ефективноста на човечките ресурси особено е изразенa преку два основни фактори и тоа: способноста за работата и волјата за работата. Кога станува збор за способностите, евидентна е важноста на постоењето на програмата за обука на вработените преку кои способностите на работниците се подигаат на повисоки нивоа. Како најпопуларни мотивациски мерки се истакнуваат стимулативните заработувања, со кои посебно се вреднуваат натпросечните работни ефекти. Во трудот, покрај значењето на човечките ресурси особено ќе биде истакната обуката на вработените како фактор на креирање на стратегија на менаџментот на човечки ресурси за поуспешно остварување на организационите цели. Исто така, преку табеларни, графички и пресметковни прикази ќе бидат презентирани емпириските истражувачки резултати.

Downloads

Download data is not yet available.
Published
2019-10-07
How to Cite
Zejrinova, S., & Miceski, T. (2019). ОБУКАТА НА ВРАБОТЕНИТЕ КАКО ФАКТОР НА КРЕИРАЊЕ СТРАТЕГИЈА НА МЕНАЏМЕНТОТ НА ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ ЗА ПОУСПЕШНО ОСТВАРУВАЊЕ НА ОРГАНИЗАЦИОНИТЕ ЦЕЛИ. Yearbook - Faculty of Economics, 17(1), 47-64. Retrieved from https://js.ugd.edu.mk/index.php/YFE/article/view/3268