БИЗНИС ПЛАНОТ КАКО ФАКТОР ЗА РАЗВИВАЊЕ НА УСПЕШЕН БИЗНИС

  • Ivana Naceva
  • Trajko Miceski

Abstract

Бизнис планот е еден вид документ кој зборува за перспективите на компанијата, нејзиниот развоен потенцијал и истовремено го прецизира правецот на деловниот потфат. Се работи за сет од управувачки одлуки чија реализација ќе се одвива во предвидениот временски период. Бизнис планот претставува и средство во комуникацијата на неговите творци со генералните менаџери или финансиски директори во случај на интерни потфати, како и со останатите актери во деловното окружување, како што се: добавувачите, дистрибутерите, купувачите и финансиерите. Тој е пат за презентација на информации, односно претставува практичен тест дали на изглед една скромна идеја, може да прерасне во голем и успешен деловен потфат. Неопходен е за сите организации, мали и големи, профитни и непрофитни, а сѐ повеќе го користат и менаџерите во јавниот сектор. Без оглед на целите кои ги има едно претпријатие пред себе, добро изработен Бизнис план, во суштина е секогаш во функција на поголема ефикасност во работењето, како и остварување на максимална финансиска добивка

 

Downloads

Download data is not yet available.
Published
2020-01-28
How to Cite
Naceva, I., & Miceski, T. (2020). БИЗНИС ПЛАНОТ КАКО ФАКТОР ЗА РАЗВИВАЊЕ НА УСПЕШЕН БИЗНИС. Yearbook - Faculty of Economics, 18(2), 47-63. Retrieved from https://js.ugd.edu.mk/index.php/YFE/article/view/3414

Most read articles by the same author(s)

<< < 1 2 3 4 5 6 7 > >>