УЛОГАТА НА МЕНАЏМЕНТ КОНТРОЛАТА ВРЗ РАБОТЕЊЕТО НА КОМПАНИИТЕ (СО ФОКУС НА ТЕКСТИЛНАТА ДЕЈНОСТ ВО ШТИП)
Keywords:
процес, проверка, стандарди, однесување, резултати, укажување.Abstract
Контролата претставува процес кој е насочен кон проверка во сите сфери на работните активности, споредување на остварените резултати со поставените стандарди, утврдување на разликите меѓу нив, како и преземање на потребните корективни акции за отстранување на отстапувањата. Таа е секојдневна активност, како на субјектите на менаџментот, така и на специјализираните организациски единици или индивидуални професионални личности. Во основа контрола треба да претставува клучна детерминанта за успехот во целокупното работење, затоа е потребно процесот на контрола да биде дефиниран со поставувањето на целите кон кои се стреми компанијата. Во тој поглед умереноста треба да биде главна карактеристика на системот на контрола и истиот да претставува мотивирачки поттик на сите менаџери и вработени, кој реално ќе укажува како на позитивните активности и резултати, така и на евентуалните грешки при работните активности, однесувањата и резултатите на работењето. Во трудот се направени теоретски и емпириски истражувања, обработка на добиените одговори на испитаниците, нивна пресметка според Х2 - тестот и коефициентот на контингенција, и истите се прикажани табеларно и графички.