ОСОЗНАВАЊЕ И УПРАВУВАЊЕ СО ПРЕЧКИТЕ ВО ДЕЛОВНАТА КОМУНИКАЦИЈА
Keywords:
менаџмент, комуникација, комуникациски пречки, човечки ресурси.Abstract
Современиот менаџер, мора доволно да го познава процесот на комуникација бидејќи преку комуникација ја насочува, координира, ја развива соработката во тимското работење и гради партнерство со вработените за исполнување на задачи со кои ќе се оствари поставената цел. Комуникацијата се реализира преку пренос на информации од испраќачот кон примачот и истата е неопходна за интерно функционирање, затоа што ги интегрира управувачките функции. Различни пречки и прекини во комуникацијата доведуваат до намалување на комуникацијата и во најголем број случаи не се постигнува совршена комуникација. Добрите техники на организациското однесување ќе придонесат да се постигне успех во работењето и управувањето. Препознавањето на комуникациските пречки се услов за ефективно работење на организацијата.