УПРАВУВАЊЕ СО КОНФЛИКТИТЕ ВО РАБОТНИТЕ СРЕДИНИ
Keywords:
конфликти, вработени, пристапи, менаџирање, резултати.Abstract
Конфликтите се јавуваат во работењето на секоја организација, со конструктивен или десктруктивен карактер и истите треба правилно да се сфатат и не би требало сите од нив да се третираат како штетни. Тие се вообичаен и неизбежен дел во меѓучовечките односи, настанати при различни размислувања за одредени проблеми, недоразбирања, претензии, интереси, различни погледи на професионално и на духовно поле и слично. Организацијата треба добро да го анализира секој конфликт и притоа може да извлече одредена корист, бидејќи истиот може да има и позитивен ефект за работењето. Вработените од конфликтите можат да согледаат како да се надминат препреките, како да се подобри комуникација и да се зголеми меѓусебната доверба. Конфликтот, конструктивен или деструктивен, се јавува на сите нивоа, на секое работно место и при секакви услови на работење. Дали притоа ќе се добие корист за подобро осознавање на состојбите и нивно унапредување или пак компанијата ќе претрпи штета во голем дел зависи од начинот на менаџирање со конфликтите и решавање на истите. Затоа правилното менаџирање со нив овозможува и правилно работење на организацијта и постигнување на подобри резултати во работењето.