УПРАВУВАЊЕ СО РИЗИЦИТЕ ВО ДЕЛОВНИТЕ БАНКИ СО ФОКУС НА КРЕДИТНИОТ РИЗИК
Keywords:
ризици, менаџмент, банки, развој, кредити, економија, вложувања, пласмани.Abstract
Со развојот на современото банкарство и економија изложеноста на различните видови ризик во работењето станува сѐ поголема. Навременото идентифицирање на сите видови ризик и адекватни мерки на заштита стануваат многу важен фактор за успешност во работењето, во сѐ посложени услови на економија. Ризиците се неминовни и затоа банките мораат да најдат соодветно решение за нивно минимизирање. Едни од основните причини за воспоставување на систем за управување со ризици се со цел да се избегне губиток или инсолвентност кои можат да доведат и до банкрот. Во тој поглед овој труд се осврнува на најважните банкарски ризици со посебен акцент на кредитниот ризик, како и тоа на кој начин банките управуваат со ризиците. Исто така во трудот, преку табеларен, графички и пресмековен начин, се презентирани добиените искази на испитаниците за ова проблематика.