УЛОГАТА НА МЕНАЏМЕНТОТ НА ЗНАЕЊЕ ВО СТРАТЕГИСКОТО ПЛАНИРАЊЕ И ОДЛУЧУВАЊЕ ВО ОРГАНИЗАЦИИТЕ
Keywords:
Менаџмент на знаење, организациска култура, човечки ресурси, вработени, стратешки цели.Abstract
Менаџментот на знаење станува тесно специјализирана област која го опфаќа креирањето, одржувањето, трнасферот, скалдирањето и надградувањето на организациското знаење. Особено е насочено кон: развојот на човечките ресурси, управувањето со таленти, системите на наградување кои го стимулираат усовршувањето на знаењето и партиципација на вработените во одлучувачките процеси на организацијата, обуките кои се во доменот и надовор од струката на вработените како начин на надградување и проширување на знаењето, креирањето на соодветна организациска култура и меѓучовечки односи кои треба да ги мотивираат вработените за сопствено усовршување, примената на соодветни информациски технологии кои треба да го олеснат трансферот и чувањето на знаењето, односно кон остварување на целите. Менаџментот на знаење е нераскинливо поврзан со стратешките цели на организацијата. Ги користи само оние информации кои се најзначајни практични и корисни. Доколку менаџерите не ја олеснат работата и животот на вработените, шансите за успех се мали. Поради тоа, потребно е креирање на организациска култура која ќе го поттикнува развојот на организациското знаење, претставува услов број еден за успешна примена на концептот на менаџмент со знаење.