ПРЕПОЗНАВАЊЕ И УПРАВУВАЊЕ СО СТРЕСОТ ВО РАБОТНИТЕ СРЕДИНИ
Keywords:
стрес, стрес на работа, стресори, менаџери, менаџмент на стрес, справување, управување, превенција.Abstract
Може да се каже дека појавата на стрес има свои корени во многу аспекти од секојдневното живеење на поединецот. Во приватниот живот и на професионален план, навлезен во секоја пора од општественото живеење, стресот со право го заслужи поимот „болест на милениумот“ или, дваесеттиот век – „век на стресот“. Со големото значење и влијание во севкупното современо постоење, го предизвика вниманието на бројни изучувачи и истражувачи во повеќе научни дисциплини. Стресот е реагирање на организмот на влијанијата на надворешниот свет. Тој не ги заобиколи ниту вработените на работните места, така што стресот општо и стресот на работа станаа главни причинители за индивидуални и организациски проблеми во современото работење. Поради своите специфични каратеристики, тој ја наметнува потребата од негово препознавање на работното место, изнаоѓање што посоодветни методи за негово надминување и успешно справување, сè со цел создавање здрава работна средина и конкурентна и успешна работна организација. Во трудот е дадена содржинска и теоретска разработка на поимот стрес, извори и предизвикувачи на стресот, видови на стрес и стресори како и различните аспекти на стресот; поимот стрес на работа, причините и последиците и синдромот на професионално согорување „burnout“; справувањето со стресот на работа, препознавање и превземање потребни чекори за управување со ризик од стрес и превенција од негова појава, како и емпириско согледување на состојбите во организациите преку извршената анкета и табеларно, графички и пресметковно обработени податоци.