ПРЕПОЗНАВАЊЕ И УПРАВУВАЊЕ СО СТРЕСОТ ВО РАБОТНИТЕ СРЕДИНИ
Abstract
Може да се каже дека појавата на стрес има свои корени во многу аспекти од секојдневното живеење на поединецот. Во приватниот живот и на професионален план, навлезен во секоја пора од општественото живеење, стресот со право го заслужи поимот „болест на милениумот“ или, дваесеттиот век – „век на стресот“. Со големото значење и влијание во севкупното современо постоење, го предизвика вниманието на бројни изучувачи и истражувачи во повеќе научни дисциплини. Стресот е реагирање на организмот на влијанијата на надворешниот свет. Тој не ги заобиколи ниту вработените на работните места, така што стресот општо и стресот на работа станаа главни причинители за индивидуални и организациски проблеми во современото работење. Поради своите специфични каратеристики, тој ја наметнува потребата од негово препознавање на работното место, изнаоѓање што посоодветни методи за негово надминување и успешно справување, сè со цел создавање здрава работна средина и конкурентна и успешна работна организација. Во трудот е дадена содржинска и теоретска разработка на поимот стрес, извори и предизвикувачи на стресот, видови на стрес и стресори како и различните аспекти на стресот; поимот стрес на работа, причините и последиците и синдромот на професионално согорување „burnout“; справувањето со стресот на работа, препознавање и превземање потребни чекори за управување со ризик од стрес и превенција од негова појава, како и емпириско согледување на состојбите во организациите преку извршената анкета и табеларно, графички и пресметковно обработени податоци.
Downloads
References
Белевска, Д. (2018), Здравствена психологија со психодијагностика, Меѓународен центар за славјанска просвета;
Бешлиќ, Д. (2008), ,,Стрес на раду“, Школа бизниса, Нови Сад;
Бешлиќ, И. (2008), ,,Стрес на раду“, Школа бизниса, Нови Сад;
Brown, Allan and Ian Bourne (1996), The Social Work Supervisor, Buckingham and Philadelphia: Open University Press;
Wagner, A. J., Hollenbeck RJ (2002), ,,Organization behavior“, Harcourt College Publishers, Fort Worth;
White, D. (2016), Understanding & Recognizing Stress. Psych Central, https://psychcentral.com/lib/understanding-recognizing-stress/
Grupa autora, Savjetnik za zdravljei prevenciju stresa u radu sa multikulturnim strankama i problematičnim društvenim grupama, Omega, Graz, Austrija, 2003, http:// www.omega-gratz.at/
D. R. Gilbert, ,,Dobivaat site onie koi igraat“, Dr. Gilbert Central grup Belgrad 2012; European Agency for Safety and Health at Work (2000), Research on Work-realated Stress; Leka, Stavroula (2005), Work organization & Stress (Protecting workers’ health series; no. 3), World Health Organization;
Lee, D., Managing Employee Stress and Safety, 2000, Maine Employers’ Mutual Insurance Company; Managing Stress in the Workplace, 2000; Mills,
H., Reiss, N., Dombeck, M. (2015), Types Of Stressors (Eustress Vs. Distress), https://www.mentalhelp.net/articles/types-of-stressors-eustress-vs-distress/
Мицески Т. (2009), Менаџмент на човечки ресурси, работни материјали, Универзитет ,,Гоце Делчев“, Економски факултет, Штип;
Николоски, Т., ,,Психологија на трудот“, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, Скопје, 2000;
Петковиќ, В., ,,Менаџмент људских ресурса“, Београд, 2009;
Selye, H. (1976), The Stress of Life. McGraw-Hill: New York;
Herbert J., Freudenberger with Geraldine Richelson, Burn-out: The High Cost of High Achievement (1981), Bantam Books;
Чадловски, Г. и Мицев, В. (1994), Психијатрија, Просветно дело, Скопје;
Шуклев, Б., „Менаџмент“ (2000), Економски факултет, Скопје;
www.vichealth.vic.gov.au/ Reducing stress in the workplace (2012) Ass.Prof.Anthony La Montagne &Dr.TessaKeegel,
https//Wikipedia.org/burn-out-
http//www.psiha.com/psihabiz/748-spravete-se-so-stres-na-rabota