БИЗНИС ПЛАНОТ КАКО ФАКТОР ЗА РАЗВИВАЊЕ НА УСПЕШЕН БИЗНИС
Abstract
Бизнис планот е еден вид документ кој зборува за перспективите на компанијата, нејзиниот развоен потенцијал и истовремено го прецизира правецот на деловниот потфат. Се работи за сет од управувачки одлуки чија реализација ќе се одвива во предвидениот временски период. Бизнис планот претставува и средство во комуникацијата на неговите творци со генералните менаџери или финансиски директори во случај на интерни потфати, како и со останатите актери во деловното окружување, како што се: добавувачите, дистрибутерите, купувачите и финансиерите. Тој е пат за презентација на информации, односно претставува практичен тест дали на изглед една скромна идеја, може да прерасне во голем и успешен деловен потфат. Неопходен е за сите организации, мали и големи, профитни и непрофитни, а сѐ повеќе го користат и менаџерите во јавниот сектор. Без оглед на целите кои ги има едно претпријатие пред себе, добро изработен Бизнис план, во суштина е секогаш во функција на поголема ефикасност во работењето, како и остварување на максимална финансиска добивка