УЛОГАТА НА МЕНАЏМЕНТОТ ВО ФАРМАЦЕВТСКО-АПТЕКАРСКАТА ПРАКТИКА
Keywords:
фармацевтско-аптекарски активности, здравствени менаџери, квалитет на услуги, управување со квалитетот, комуникација.Abstract
Менаџментот во фармацевтско-аптекарските активности е неразделен дел од здравствениот менаџмент и е еден од најважните фактори за грижата на здравјето на луѓето. Тој е од посебна важност бидејќи денес во повеќето земји постои незадоволство од здравствените услуги. Проблемите се главно поврзани со пристапот кон негата, клиничка ефикасност, грижата кон пациентот, исказите на клиентите и одѕивот во јавноста. Подобрувањето на квалитетот во здравството е барање во повеќето земји. Ова води до промена на улогата на здравствените менаџери на сите нивоа. Воведувањето на управување со квалитет во здравството е предизвик за здравствените менаџери, бидејќи во нив лежи одговорноста за создадавање на средина која ќе доведе до подобрување на безбедноста и квалитетот на здравствените услуги. За да се постигнат овие активности од менаџерите на сите нивоа се бараат нови вештини и способности кои ќе ги придонесат за подобрување на организациските перформанси и ќе одговорат на социјалните барања, како што се подобрување на здравјето на луѓето во заедницата. Улогата на здравствените менаџери не е доволно потенцирана, така што целта на овој труд е јасно да се опишат и да се разберат улогите и вештините на менаџерите во здравството, на различни нивоа на здравствениот систем да се развијат во процесот на управување со квалитетот во здравстените дејности.