ВЛИЈАНИЕТО НА ДОГОВОРОТ ЗА „ДОБРОВОЛНО” ОГРАНИЧУВАЊЕ НА ИЗВОЗОТ ВРЗ ГЛОБАЛНИТЕ ТРГОВСКИ ТЕКОВИ
Keywords:
традиционални нецарински бариери, договор за „доброволно” ограничување на извозот.Abstract
Традиционалните нецарински бариери претставуваат група од голем
број хетерогени видови нецарински бариери. Поради тоа, тешко е да се
опише содржината на овие бариери и да се изврши нивна класификација.
Опишувањето на секоја од поединечните мерки подразбира нејзино
дефинирање, графичко претставување и презентирање на методите и
постапките за нејзино мерење. Посебно значајна мерка од квантитативните
нецарински бариери претставува договорот за „доброволно” ограничување
на извозот. Овие ограничувања се доброволни само во смисла на нивното
самостојно администрирање и фактот дека се прифаќа помалото од две зла.
Во овој труд се развива теоретска рамка за ефектите на овој вид бариера.
Анализирани се различните ограничувања на извозот на автомобили меѓу
Британија и Јапонија за периодот 1973-1999 г.