ВЛИЈАНИЕТО НА СТРАНСКИТЕ ДИРЕКТНИ ИНВЕСТИЦИИ ВО Р.МАКЕДОНИЈА ВРЗ ВРАБОТЕНОСТА ЗА ПЕРИОД 19972011 ГОДИНА
Abstract
Тема на разработка во овој труд се странските директни инвестиции (СДИ) во Република Македонија и нивното влијание врз вработеноста за временски период од 1997 до 2011 година. Една од најважните и чувствителни области за секоја земја се странските директни инвестиции. Тие се дефинирани не само како едноставен трансфер на пари, но и како мешавина на финансиски и материјални средства, како што се технологиите, менаџерските способности, маркетинг вештините и други средства. Постои голема дебата во литературата во врска со влијанието на СДИ врз економскиот раст. Традиционалниот аргумент се наведува дека приливот на СДИ го подобрува економскиот раст, а со тоа ги подобрува и можностите за вработување. Во нашата анализа се забележува дека влијанието на СДИ врз вработеноста за анализираниот временски период е насочено, а тоа главно се должи на ниското ниво на гринфил инвестициите и недоволната атрактивност на пазарот на труд за странските инвеститори. Овие наоди се доста важни за креаторите на политиката и се предлага неопходност од стратегиски пристап во таа област.