ВЛИЈАНИЕТО НА СТРАНСКИТЕ ДИРЕКТНИ ИНВЕСТИЦИИ ВО Р.МАКЕДОНИЈА ВРЗ ВРАБОТЕНОСТА ЗА ПЕРИОД 19972011 ГОДИНА

  • Kostadinka Cabuleva
  • Goran Miladinov
  • Trajko Miceski

Abstract

Тема на разработка во овој труд се странските директни инвестиции (СДИ) во Република Македонија и нивното влијание врз вработеноста за временски период од 1997 до 2011 година. Една од најважните и чувствителни области за секоја земја се странските директни инвестиции. Тие се дефинирани не само како едноставен трансфер на пари, но и како мешавина на финансиски и материјални средства, како што се технологиите, менаџерските способности, маркетинг вештините и други средства. Постои голема дебата во литературата во врска со влијанието на СДИ врз економскиот раст. Традиционалниот аргумент се наведува дека приливот на СДИ го подобрува економскиот раст, а со тоа ги подобрува и можностите за вработување. Во нашата анализа се забележува дека влијанието на СДИ врз вработеноста за анализираниот временски период е насочено, а тоа главно се должи на ниското ниво на гринфил инвестициите и недоволната атрактивност на пазарот на труд за странските инвеститори. Овие наоди се доста важни за креаторите на политиката и се предлага неопходност од стратегиски пристап во таа област.

Downloads

Download data is not yet available.
Published
2017-05-03
How to Cite
Cabuleva, K., Miladinov, G., & Miceski, T. (2017). ВЛИЈАНИЕТО НА СТРАНСКИТЕ ДИРЕКТНИ ИНВЕСТИЦИИ ВО Р.МАКЕДОНИЈА ВРЗ ВРАБОТЕНОСТА ЗА ПЕРИОД 19972011 ГОДИНА. Yearbook - Faculty of Economics, 4(1), 53-60. Retrieved from https://js.ugd.edu.mk/index.php/YFE/article/view/1844

Most read articles by the same author(s)

<< < 2 3 4 5 6 7 8 > >>