ПРИМЕНАТА НА МЕТОДОТ НА ГРАФОВИ ВО РЕШАВАЊЕТО НА ПРОСТОРНО-ЕКОНОМСКИТЕ ПРОБЛЕМИ
Keywords:
теорија на графот, нодална мрежа, најкраток пат, патна мрежа.Abstract
Овој труд опфаќа различни методи во просторно-економските
истражувања. Од економски аспект во практиката има повеќе од стотина
методи, но нашето внимание е да се опфатат методите што наоѓаат своја
примена во просторната економија, посебно во економската географија,
меѓународната трговија, регионалната економија, просторното планирање
итн.
Значењето на овој метод во планирањето, скицирањето и анализирањето
инфраструктура, како транспортната инфраструктура (посебно патната
мрежа), хидрологијата (речните системи), телекомуникациските системи
и големите и малите регионални целини. Резултатите од оваа анализа
претставуваат значаен фактор во моделирањето на географските
простори. Можеме да добиеме прецизни резултати во планирањето на
патната мрежа во урбаните и руралните населби.
Трудот е структуриран во четири дела. Првиот дел е посветен на
нодалните мрежи, вториот се занимава со теоријата на графот, а во третиот
се дискутира за примената на методот на графови во транспортната мрежа
на Република Македонија.