ЕКОНОМСКАТА АКТИВНОСТ, ТРГОВСКИТЕ ТЕКОВИ И ГРАВИТАЦИОНИОТ МОДЕЛ
Keywords:
гравитациски модел, економска активност, протек на капитал, географски ентитетиAbstract
Гравитацискиот модел е статистички модел кој ги проценува
трговските текови на едни земји со други врз основа на економските
карактеристики на двата трговски партнери. Основните предвидувања
на гравитацискиот модел се дека две земји ќе тргуваат меѓусебно повеќе,
кога нивните БНП-и се поголеми и географското растојание меѓу нив е
помало.
Гравитацискиот модел во неговата основна форма проценува дека
трговската размена меѓу земјите постои поради гравитациската сила на
два предмета: таа е директно поврзана со големината на земјата и обратно,
или негативно поврзана со растојанието меѓу нив.
Многу економисти го користат гравитацискиот модел, обидувајќи се да
предвидат кои земји ќе тежнеат да тргуваат едни со други. Гравитациониот
модел е создаден за да го предвиди обемот на сообраќај меѓу две места,
миграцијата меѓу градовите, бројот на телефонски повици, транспортот
на добра и пратки и други видови на движења. Гравитацискиот модел, исто
така, се применува за споредување на гравитациската привлечност меѓу
соседите (градови, држави, региони, континенти).
Гравитациониот модел се однесува на гравитациската сила како
аналогија да се објасни обемот на трговијата, миграција, прилив на
капитал, како и диференцијација на производи меѓу различни ентитети.