ДЕТЕРМИНАНТИ НА ЛИКВИДНОСТА НА КОМЕРЦИЈАЛНИТЕ БАНКИ ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
Abstract
Целта на оваа емпириска студија е да ги истражи и анализира детерминантите кои влијаат на ликвидноста на комерцијалните банки во Република Северна Македонија. За оваа цел зедовме примерок на 14 од вкупно 15 банки, кои го сочинуваат македонскиот банкарски сектор. Податоците се земени од ревидираните финансиски извештаи на комерцијалните банки, за периодот 2013-2018 година. За целите на истражувањето ги користиме следните банкарски специфични варијабли: профитабилноста на банките, вкупните кредити во однос на вкупните средства, вкупните депозити, валутниот ризик, ликвидносниот ризик и кредитниот ризик. Резултатите од оваа студија се значајни за кредитните менаџери, за регулаторите, како и за научниците, во смисла на олеснување на комерцијалните банки да се справат со ликвидносните промени и да најдат рамнотежа помеѓу ликвидноста и профитабилноста на банките.