МЕНАЏЕРСКИОТ ИНФОРМАТИВЕН СИСТЕМ ВО КОРЕЛАЦИЈА СО ЕЛЕКТРОНСКИОТ ИНФОРМАТИВЕН СИСТЕМ
Keywords:
менаџмент информативен систем, ефикасно и ефективно менаџирање, електронски информативен систем, деловни одлуки.Abstract
Во секоја организација информациите се крвоток на таа организација. Информациите се добиваат преку менаџмент информативниот систем (Management Information System, MIS) за ефикасно и ефективно управување (менаџирање) со организацијата. Тоа не е само софистициран компјутерски систем, туку тоа е корелација помеѓу три базични димензии, а тоа се човечкиот ресурс, технологијата и потребните податоци. На овој начин, преку навремени, прецизни и веродостојни информации се носат издржани деловни одлуки. Од другите информативни системи се разликуваат по тоа што менаџмент информативните системи се креирани и се дизајнирани на таков начин кој овозможува анализирање и олеснување на извршувањето на стратешките и оперативните активности во организацијата. Целосната примена на електронските информациски системи е можна со зголемувањето на нивниот број и во опкружувањето, и кога деловните партнери би постигнале висок или сличен технолошки развој. Останува констатацијата дека претпријатието за да биде конкурентно мора да менаџира со информатичкиот систем кој обезбедува пониски трошоци на работење, а поефикасни и ефективни резултати во својата околина.