УЛОГАТА НА МЕНАЏМЕНТОТ ЗА ОБУКА И РАЗВОЈ НА ЧОВЕЧКИТЕ РЕСУРСИ, КАКО НЕОПХОДНОСТ ЗА УСПЕХ ВО СОВРЕМЕНОТО РАБОТЕЊЕ НА ОРГАНИЗАЦИСКИТЕ СУБЈЕКТИ СО ФОКУС НА БАНКАРСКИОТ СЕКТОР
Keywords:
менаџмент, човечки ресурси, значење, обука, оспособувањеAbstract
Во современото работење на организациските субјекти, улогата на менаџментот на човечки ресурси за обука и развој на вработените е многу изразена. Всушност, менаџментот на човечки ресурси мора да преферира стратегиски пристап на управување со вработените, особено на нивното оспособување за остварување на нејзините цели. Личностите кои поседуваат знаење, вештини, мотивација и други способности претставува највредниот капитал кој на организацијата или институцијата ѝ осигуруваат конкурентска предност и профитабилно работење. Улогата на менаџментот на човечки ресурси се согледува во тоа што со правилно организирани активности да и овозможи на организацијата да распоредува вистинските луѓе на вистинско место, да им овозможи усовршување и напредок, правилно мотивирање и наградување и со правилно организирање да оствари добри резултати на организацијата.