ПРОМЕНИТЕ ВО НАТАЛИТЕТОТ И ОЧЕКУВАНОТО ТРАЕЊЕ НА ЖИВОТОТ КАКО ФАКТОР ЗА ПРИСПОСОБУВАЊЕ НА МАРКЕТИНГ СТРАТЕГИЈАТА КОН ОДНЕСУВАЊЕТО НА ПОТРОШУВАЧИТЕ
Keywords:
наталитет, очекуваното траење на живот, анализа, прогнозирање, маркетинг стратегијата, потрошувачиAbstract
Демографските промени укажуваат дека наталитетот на населението
во Р. Македонија и во земјите од опкружувањето, во последните триесетина
години покажува тренд на опаѓање. Така, бројот на живородени деца во
Р.Македонија во 2011 година е намален за 43%, во однос на 1980 год. Во
истиот период е забележано намалување на живородените деца во Србија
за 60%, во Бугарија 45% и во Грција 28%.
Од друга страна, пак, очекуваното траење на живот, како во Р.
Македонија, така и во земјите од опкружувањето и во земјите на ЕУ,
од година во година постепeно се зголемува. Во 1993 година просечното
очекувано траење на живот во Р. Македонија изнесува 71,8 години,
а во 2010 година изнесува 74,6 години. Во земјите на ЕУ, пак, во 1993
изнесува 75,4 години, а во 2010 година е 79,6 години. Во согласност со
прогнозирањето се очекува дека и во понатамошниот период просечното
очекувано траење на животот ќе се зголемува.
Поради овие и други слични причини, се јавува потребата
претпријатијата да ја приспособуваат маркетинг стратегијата во
согласност со демографските промени што влијаат врз однесувањето на
потрошувачите.
Во тој поглед, во фокусот на овој труд е неопходноста за
приспособување на маркетинг стратегијата кон однесувањето на
потрошувачите во согласност со виталните движења, прикажани
табеларно и графички.