СИГНАЛИЗИРАЧКИОТ ЕФЕКТ НА МАКЕДОНСКИТЕ ДИВИДЕНДИ

Authors

  • Nadica Petreska
  • Ilija Gruevski
  • Stevan Gaber

Keywords:

Сигнализирачки ефект на дивидендата, абнормална стапка на принос, аутлајер, акција, пазар на капитал, дескриптивна статистика, графички плот, итн.

Abstract

Целта на истражувањето во овој труд е да се детектира сигнализирачкиот ефект кој евентуално го генерира најавата за исплата на дивиденда во македонските компании кои го претставуваат официјалниот пазар на капитал. Користениот методолошки пристап се состои од утврдување на присуството на т.н. абнормални (натпросечни) стапки на принос на анализираните акции во перидот пред и после најавата за исплата на дивиденда. Тоа е постигнато преку идентификација на т.н. аутлајери во временските серии на дневните стапки на принос во временскиот хоризонт од +/- 10 дена од датумот на објава на одлуката за исплата на дивиденда. Со помош на дескриптивна статистика се утврдија само 3 абнормални стапки на принос и тоа кај АД Стопанска банка, АД Алкалоид и АД Комерцијална банка. Спротивно на рационалните очекувања, тие беа негативни и со релативно задоцнет ефект без значајна инсајдерска содржина. Анализата покажа дека домашните дивиденди не создаваат значајни сигнализирачки ефекти и не придонесуваат за унапредување на ефикасноста на македонскиот пазар на капитал.

Downloads

Download data is not yet available.

Downloads

Published

2020-12-20

How to Cite

СИГНАЛИЗИРАЧКИОТ ЕФЕКТ НА МАКЕДОНСКИТЕ ДИВИДЕНДИ . (2020). Yearbook - Faculty of Economics, 21(1), 29-35. https://js.ugd.edu.mk/index.php/YFE/article/view/3928

Most read articles by the same author(s)

1 2 3 > >>