Облигациони односи настанати со причинување штета во македонското право
Abstract
Причинувањето штета како човеково дејствие, со кое на друг му се причинуваат негативни, неповолни последици во имотната и во личната состојба е воедно и дејствие со кое се повредуваат природните закони на кои е засновано човековото постоење. Природните закони се истите оние кои бараат задоволување на начелото на справедливост и начелото на еквивалентност со враќање на поранешната состојба, онаа која постоела пред да настане дејствието. Понатаму, останува на правото овој однос да го земе под своја закрила и на едната страна да ѝ го признае ова природно право да бара враќање на поранешната состојба, а за другата страна да ја постави обврската да ја врати состојбата во нејзината првобитна форма. Објективното право, уредувајќи го правно овој однос, креира еден облигационен однос наречен облигационен однос со причинување на штета, познат на сите правни системи. Овие облигациони односи заедно со договорните односи претставуваат два најголеми и воедно најзначајни извора на облигациите во модерното право, па според тоа заслужуваат да бидат разгледани од аспект на местото кое го заземаат во Законот за облигациони односи; односно со кои одредби се уредуваат и каде ги наоѓаме тие одредби во ЗОО, кои се претпоставките што треба да бидат исполнети за да настане еден ваков облигационен однос и на кој начин тие се предвидени во ЗОО, а од друга страна како се определени од страна на правната теорија.References
Jakšić S.: Obligaciono pravo-opšti deo, Sarajeva, 1962.
Perović S., Stojanović D. (redaktori): Komentar zakona o obligacionim odnosima, kniga prva, Gornji Milanovac-Kragujevac, 1980.
Vukovic M.: Odgovornost za štete, Zagreb, 1971.
Галев Г., Дабовиќ Анастасовска Ј.: Облигационо право ,Скопје, 2008.
Групче А.: Имотно (граѓанско) право, општ дел, Скопје, 1985.
Поп Георгиев Д.: Облигационо право, Скопје, 1985.
Пухан И., Поленак –Акимовска М.: Римско право, Скопје, 1991.
Чавдар К., Чавдар К.: Коментар на Законот за облигациони односи, Скопје, 2008.