Танзиматските реформи и статусот на македонскиот народ во турската империја во втората половина на XIX и во почетокот на ХХ век
Abstract
Главното прашање кое се презентира во овој труд е позицијата на македонскиот народ во турскиот политички и правен систем од средината на XIX век до почетокот на балканските војни (до 1912 год.).Анализата покажа дека Турската империја, на практика, немала способност да ги интегрира претставниците на македонскиот народ во системот и покрај тоа што имала донесено закони во таа смисла. Во статијата се анализираат главните причини за таквата подвоеност на нормативното и стварното во примерот на Турската империја во посочениот период.