Потребата од промена на компетенциите во развојот на човечките ресурси во пострецескиот период

Authors

  • Snezana Bilik Sotiroska

Abstract

Процесот на глобалната трансформација на општествата и економиите од општества базирана на работа во општества врз основана знаења го направи развојот на човечките ресурси едно од најважните средства на секоја организација и најважен елемент во економскиот развој на земјата.  Инвестициите и реформите во високообразовниот систем станаа реалност за Европа и земјите од Западен Балкан за да ги задоволат ново настанатите потреби на пазарот на труд. Усовршувањето на високообразовниот систем и развојот на концептот на доживотно учење се предуслови за развој на високо компетентни индивидуи, кои ќе придонесат во развојот на конкурентно стопанство. Главна цел на овој научен труд е да се презентираат причините за реформа на високообразовниот систем во Република Македонија, како и да се потенцираат специфичните проблеми со кои се соочуваат високообразовните институции за времена овој реформски процес. Исто така, главна цел на овој труд е да изведе заклучок за бараните компетенции со кои студентите треба да се стекнат за време на образовниот процес. Овие компетенции се анализирани од страна на академскиот кадар, дипломираните студенти и работодавачите. Тие треба да бидат движечка сила во  понатамошниот развој и реформи во создавањето на квалитетни човечки ресурси.

Downloads

Published

2013-04-16