Основни обележја на своерачниот тестамент (Testamentum holographum)
Abstract
Во овој труд, предмет на научна анализа и обработка
претставува своерачниот тестамент. Согласно со нашето позитивно
законодавствo, тестаментот којшто звештателот го напишал и потпишал
со своја рака се нарекува своерачен тестамент. Оттука ја истражуваме
законската уреденост на овој тестамент како во нашата држава, така и во
компаративното право. Во овој контекст ги анализираме суштествените
и несуштествените елементи на своерачниот тестамент, но исто така
вршиме согледување на дилемите кои се јавуваат при составувањето на
тестаментот.
Во оваа насока предлагаме во трудот во нашето наследно право да се
воведе едно целисходно решение, каде што за полноважност на своерачниот
тестамент освен завештателот да го напишал и потпишал тестаментот со
своја рака, да биде потребно во тестаментот да постои и индикација во
однос на датумот на составување на тестаментот. На овој начин, ќе се
избегне можноста да не се почитува последната волја на завештателот,
особено кога постојат повеќе тестаменти.
Како еден од најчесто применетите тестаменти, своерачниот
тестамент претставува ефикасен иструмент, оставителот да ја оствари
својата последна волја. За негова полноважност не се потребни сведоци,
ниту учество на некои државни органи, па оттука и гаранцијата за тајност
и дискретност при составување на овој тестамент.
Клучни зборови: завештател, своерачен тестамент, писмена форма, потпис.