ИЗДВОЈУВАЊЕ НА ПРЕДМЕТИТЕ НА ДОМАЌИНСТВОТО КАКО НАСЛЕДНО-ПРАВЕН ИНСТИТУТ
Abstract
Специфична улога во определувањето на правниот
режим на предметите на домаќинството по смртта на оставителот има
токму издвојувањето на предметите на домаќинството како институт
на наследното право. Во нашата држава се врши правно регулирање
на издвојувањето на предметите на домаќинството. Имено, не сите
предмети на домаќинството се предмет на издвојување. Така, само
предметите на домаќинството што не се од позначителна вредност, а
служат за задоволување на секојдневните потреби, се карактеристични за
издвојување.
Целта на овој труд е да се докаже исклучителното значење на овој
институт за лица определени со закон кои имаат право под определени
услови на издвојување на предметите на домаќинството, бидејќи вака
издвоените предмети претставуваат посебна имотна целина, односно
посебна имотна маса или со други зборови вака издвоените предмети не
влегуваат во оставината. Оттука, на овој начин и по смртта на оставителот,
се овозможува на определени лица да продолжат со користење на
предметите кои можеле да се издвојат и се издвоени, притоа стекнувајќи
го овие лица правото на предметите нa домаќинството уште во моментот
на смртта на оставителот.
Клучни зборови: оставина, лица, секојдневни потреби, имотна маса