ЗНАЧЕЊЕТО НА ДРЖАВЈАНСТВОТО КАКО СВОЈСТВО ВО УРЕДУВАЊЕТО НА СУБЈЕКТИВИТЕТОТ НА ФИЗИЧКИТЕ ЛИЦА ВО ГРАЃАНСКОТО ПРАВО
Abstract
Во уредувањето на субјективитетот на физичките лица, во
граѓанското право секако свое место зазема и државјанството. Имено, еден
од атрибутите на физичкото лице претставува државјанството. Во оваа
насока и преку државјанството се врши утврдување на субјективитетот
на физичките лица, при што физичкото лице може да биде страна во
граѓанско-правните односи. Имено, значајно за индивидуализацијата
на физичките лица во граѓанско-правните односи е и државјанството.
Согласно со македонското право, државјанството ја претставува правната
врска меѓу лицата и државата, без притоа да го означи етничкото потекло
на лицата. Целта на овој труд е во однос на физичкото лице да се изврши
проучување на државјанството, да се согледа значењето на државјанството,
како својство, односно како еден од атрибутите на физичките лица, при
што ќе се изврши и согледување на законските можности за стекнување и
престанување на државјанството на Република Македонија.
Клучни збороови: државјанство, физички лица, атрибути,
стекнување, престанување